fbpx

Audi влегува во светот на популарните електрични тротинети

Audi планира да ја прошири E-tron линијата во светот на електричните тротинети, па така во 2020 на продажба ќе го пушти новиот E-tron Scooter

Електричните тротинети стануваат се попопуларни во големите градови, како едни од најчесто користените превозни средства. Тие се релативно лесни за употреба, достапни, ефтини, па дури и забавно средство за патување на кратки растојанија. Сепак, како еден од недостатоците на нивните дизајни е потребата од држење со двете раце на рачката за стабилност и управливост.

Новиот E-tron Scooter на Audi ја решава оваа маана со дизајн кој повеќе наликуава на електричен скејтборд. Кога управувате со него, вие стоите странично, притоа користејќи само една рака. Audi изјави дека подвижните оски на тротинетот му овозможуваат да зафати навистина остри свиоци.

Audi

E-tron Scooter е исто така и релативно лесен со 26 килограми и може да се склопи за полесен транспорт. Максималната брзина кој тој може да ја достигне е 20 km/h со возен опсег од 20 километри, постигнат само со доволна регенерација на енергијата од сопирачките преку единечна ножна сопирачка. Полнењето може да се изврши во регуларен штеќер во домашни услови, а за они кои поседуваат некој од E-tron SUV моделите, можат да го полнат својот тротинет во приклучокот во нивното возило.

Како опција за персонализирање, Audi ќе понуди избор на финиш од дрво или карбон во делот за стоење, како и сива или црна боја. И со поврзување на вашиот телефон преку Bluetooth, сопствениците ќе можат да ги прилагодат карактеристиките на возењето, како и да го заклучат тротинетот.

Audi планира да започне со продажба на E-tron Scooter кон крајот на 2020 година, со цена од околу 2.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button