fbpx

Audi со освежување за А4

Audi подготви одредено дотерување за А4 во верзиите седан и караван, а како што информираат од Инголштат, моделот веќе е подготвен да се појави кај дилерите, односно може да се направат нарачки

Визуелните подобрувања се навистина едвај забележливи и се однесуваат на нов дизајн за предниот браник и изменети маски во зависност од нивото на опрема. Позади лесно е модифициран браникот, а има промени и во формата на издувни цевки. Постои и нов каталог на модели на фелни со големина од 16 до 19 инчи. Во ентериерот на овој Audi A4 има можност за нова комбинација на бои, како и полу-кожен салон со карбонски декоративни елементи на инструменталниот панел и страниците на вратите. Засега не се соопштува за промени во палетата на мотори, што значи дека А4 ќе продолжи да се продава со богат асортиман од дизел и бензински турбо мотори.

Продажбата на Audi A4 почнува од оваа есен.

Поврзани вести

Back to top button