fbpx

Autobest ги објави резултатите од својот Ecobest предизвик

Autobest направи тестирање за реалната автономија на електричните возила во сообраќајот во рамките на Ecobest Challenge

Autobest ги објави конечните резултати од првиот тест на реалната автономија во сообраќајот на големосериските електрични автомобили што се одржа од 4 до 6 ноември 2021 година под името Ecobest Challenge. Во тестот учествуваа 15-те најпродавани електрични модели на европскиот пазар – од повеќе марки како Volkswagen, Cupra, Nissan, Dacia, Renault, Honda, Mazda, Fiat, Opel, Peugeot, Citroen, Kia и Hyundai, кои постигнаа до 90% од автономијата според WLTP нормите во реални услови, покажувајќи дека можат да поминат и до 37,8 km дури и откако индикаторот за наполнетоста на батериите ќе покаже нула.

Објавувањето на финалните резултати на „Ecobest Challenge – електрифициран од VinFast“ беше на виртуелен настан со учество на организацискиот комитет на Autobest и претставници на спонзорот VinFast, во присуство на десетици престижни медиумски претставништва од Европа.

Според нив, сите тестирани автомобили покажаа повеќе од 75% реална автономија од наведената според WLTP нормите. Тие се стандард развиен од Европската унија кој овозможува проценка на енергетската ефикасност на бензинските, дизел, електричните и хибридните возила. Конкретно, 5 од 15-те автомобили постигнаа повеќе од 90% од автономијата според WLTP.

Тестовите ќе им помогнат на возачите

Тестовите беа организирани независно со конзистентен метод за сите возила. Според оценката на организацискиот комитет на Autobest и жирито кои вклучуваа експерти од 32 земји од Европа, финалните резултати претставуваат добро просечно ниво, доста релевантен показател за сите електрични автомобили на тестот. Сите резултати од тестот ќе бидат објавени низ Европа и ќе им послужат на возачите како цврста реална основа за нивно одлучување.

„Бевме изненадени од некои автомобили кои постигнаа реална автономија блиска до WLTP бројките. Реалната автономија добиена на тестот покажува дека електричните возила станаа совршена алтернатива за урбаните средини“, истакна Жоан Далмау, автор од coches.net и шпански член на Autobest жирито.

Ecobest

Конкретно, информацијата која најмногу ги интересира возачите е капацитетот на батериите, кој покажа позитивни резултати. Сите модели беа возени на различни патишта и сообраќајни услови со секојдневен стил на возење, сé додека индикаторот за наполнетоста на нивните батериите не покажа 0%. Кај сите 15 тестирани автомобили останаа помеѓу 14 и 37,8 километри реална автономија, што на сите луѓе кои возат електрични возила им овозможува неверојатна релаксираност. Сепак, Autobest препорачува ова да се чува како стратешка резерва и подобро е никогаш да не се доаѓа во ситуација да се користи.

„Веруваме дека Ecobest Challenge е огромен чекор напред во разбирањето на реалноста за користењето електрични возила. Со овие единствени бројки за реалната автономија после покажувањето на „нула батерија“, сакаме да испратиме јасна порака дека електричните возила сé уште можат да продолжат да возат и откако официјално ќе известат дека веќе не можат да се движат. Во AUTOBEST сме убедени дека до 2025 година ќе имаме автомобили кои лесно ќе достигнуваат повеќе од 10-12 km/kWh од батериите“, рече Дан Варди, основач и претседател на AUTOBEST.

Autobest и VinFast ја засилија соработката

За соработката со Autobest , VinFast – компанија за паметни електрични возила од Виетнам, рече дека ова е една од нејзините глобални стратешки активности, потврдувајќи ја својата внимателна и методична инвестиција на полето на електричните возила. Бич Трен, извршен директор на VinFast Europe, додаде:

„Штотуку претставивме два нови SUV модела на салонот на автомобилите во Лос Анџелес и го лансиравме VinFast како глобален бренд за електрични возила. Заедничката организацијата на „Ecobest Challenge – електрифициран од VinFast“ е исто така дел од нашата стратегија кон дефинирање на иднината на мобилноста кон која се стремиме. Преку Ecobest Challenge, VinFast со нетрпение очекува да им се придружи на другите производители на електрични возила за промовирање на транзицијата од возила со мотори со внатрешно согорување кон електричните возила, давајќи им на купувачите транспарентни информации кои поттикнуваат на размислување.“

Се очекува VinFast да ги лансира двата електрични SUV модела VF e35 и VF e36 во Европа во 2022 година, почнувајќи од германскиот, францускиот и холандскиот пазар.

Поврзани вести

Back to top button