fbpx

Аутомакедонија станува увозник на Piaggio Commercial

Аутомакедонија потпиша договор за ексклузивно дилерство со Piaggio Commercial Vehicles, дел од Италијанската групација Piaggio

Piaggio Commercial претставува производител на лесни товарни возила со маса до 3,5 тони, идеални за урбаните градски средини, кој само во изминатата година испорача дури 210.000 возила.

Аутомакедонија, како комапнија увозник на познати брендови од автомобилската индустрија, потпиша договор со италијанската комапнија, со што официјално стана и ексклузивен увозник и дистрибутер на Piaggio Commercial Vehicles за Македонија, како и овластено лице за извршување на постпродажните активности.

Салонот за Piaggio Commercial, ќе биде лоциран во продажно-сервисниот Мулти бренд комплекс на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода, во Скопје, а првите возила се веќе на пат кон нашата земја.

Достапни ќе бидат две категории на возила и тоа: APE – комерцијални возила на три тркала, кои можат да носат најразличен вид на товар и PORTER – товарни возила на четири тркала, со вкупна маса од 3,5 тони, со модели кои може да извлечат максимална дозволена носивост од 1,2 тони, а доаѓаат во верзии како товарно возило со гола шасија, отворен товарен бокс и кипер. Опремени се со бензински мотори, фабрички конвертирани мотори на бензин и течен нафтен гас (LPG), а се работи и на целосно електрифицирање на гамата на Porter.

Поврзани вести

Back to top button