fbpx

Automechanika Frankfurt 2018 по 25-ти пат

Automechanika Frankfurt, водечки саем за трговија во автомобилската индустрија годинава ќе се одржи од 11 до 15 септември, по јубилеен 25 пат и за прв пат заедно со REIFEN – Messe, кој од Есен се сели во халите крај Мајна

Automechanika Frankfurt е водечки меѓународен саем за трговија кој ги собира на секој две години претставниците на глобалната автомобилска индустрија. Тој ги претставува производите и услугите поврзани со целиот процес на продажба, одржување и рециклирање на автомобили. Во изминатите години изложбата привлече зголемен број на производители и на оригинална опрема и резервни делови.

Automechanika Frankfurt

Акцент на работилници за обука и надградба

Тие ги презентираа своите најнови системи, производи и технологии. Посебно внимание се посветува и на опремата за сервиси и работилници за обука и надградба. Секако, многу компании (се очекуваат близу 5.000) ќе се обидат со своето присуство да привлечат свое внимание и несомеено да дадат свој придонес и белег во одбележувањето на јубилејот, на како многумина знаат да кажат најголемиот „автомобилски самит“, кој се одржува од 1971 година. Местото е особено погодно за правење договори, создавање партнерства и проширување на мрежа на професионални контакти.

Automechanika Frankfurt
Ова беше потенцирано на стартот на традиционалната средба во пресрет на настанот, од страна на директорот Олаф Мусхоф, која се одржа овој пат во Атина. Последнава деценија Авто Плус е ексклузивно присутен на оваа голема саемска манифестација поради уникатната соработка како и на овие средби во предвечерјето на големиот настан кој годинава е закажан за 11 до 15 септември.

Automechanika Frankfurt

REIFEN – Messe од Есен се сели во Франкфурт

Она што мора да се потенцира секако е фактот што Automechanika во центарот на градот на европското банкарство годинава ќе биде побогата за уште една смотра, односно збогатена со REIFEN – Messe, која од Есен се сели во Франкфурт. Индустријата за гуми доживува радикални промени. Расте бројот на трговците со гуми, кои нудат автомобилски услуги, дури и дилерите на автомобили во континутет го зголемуваат на нивниот опсег на пневматици. Automechanika и REIFEN претставува огромна синергија, која треба да понуди навистина нешто ново, а сепак во склад со традицијата и искуството на Automechanika. Инаку, REIFEN – Messe ќе биде во хала 12, нова, најголема и најмодерна изложбена сала на западниот дел од франкфуртскиот саем, а се очекуваат водечките меѓународни производители на гуми како што се Al Dobowi Group, Balkrishna Industries Limited (BKT), Delticom AG, Linglong Tire, Kyoto Japan Tire, Martins Industries и Petlas.

Automechanika Frankfurt

Особено годинава треба да привлечаат компаниите кои се занимаваат со производство на бои и лакови, каде ќе бидат презентирани и некои нови технологиии, потоа компаниите за гаражна опрема, исто така со свои работилници. Несомнено секогаш привлекува изложбата на класични возила, а свое место заземаат тјунинг студијата, како и производителите на опрема за бензиски станици, сега и електрични и водородни автомобили, опрема за автоперални, сервиси…, како и IT & management. На последната манифестација во Франкфурт имаше над 4.843 изложувачи од 170 земји во светот и ја посетиле 133.000 посетители.
Вреди да се напомене дека оваа манифестација со близу 50-годишна традиција со соодветни приредби и под исто име се одржува и во уште 17 места во 15 држави, од кои ги издвојуваме онаа во Пекинг, Буенос Аирес, Дубаи, Истамбул…

За прв пат посебен простор(Х12) за класични возила,
резевни делови за нив и совети за реставрација

Automechanika Frankfurt

 

Поврзани вести

Back to top button