ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Во Австралија повеќе не се произведуваат автомобили

GM Holden го произведе својот последен автомобил во Австралија, во фабриката во градот Елизабет

Ова официјално стави крај на производството на автомобили во Австралија, во фабриката GM Holden. Претходно овој месец и фабриката на Toyota престана да работи.

Последното монтирано возило беше црвениот Holden Commodore VFII Redline V8 со механички менувач кој нема да се продава, туку оди директно во музејот на компанијата. Австралискиот бренд на GM произведува автомобили во Австралија од 1948 година, а досега се испорачани 7.687.675 единици.

GM Holden

Инаку, затворањето на австралиските фабри за автомобили започна пред една година. Ford го затвори својот бизнис во Брадфорд, каде што компанијата произведувашe автомобили и мотори од 1925 година. Последниот составен автомобил на Ford во Австралија во октомври 2016 беше претставник на популарниот Falcon. Сите автомобилски компании, кои досега имале производство во Австралија, веќе објавија дека е многу попрофитно е да увезуваат автомобили за локалниот пазар, бидејки тоа значително ги намалува нивните трошоци.

GM Holden
GM Holden

Клучни зборови

Поврзани вести

Close