МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНА

Авто Плус Стрит Шоу – враќање на традицијата за купување на нови автомобили

Авто Плус, најстариот автомобилски медиум во Македонија успеа по речиси 13 години без саемска манифестација за авто-мото индустријата, да ги обедини македонските увозници на автомобили на една заедничка смотра на новитетите од нивните брендови

Авто Плус, најстариот автомобилски медиум во Македонија успеа, по речиси 13 години без саемска манифестација за авто-мото индустријата, да ги обедини македонските увозници на автомобили на една заедничка смотра на новитетите од нивните брендови.

Некаде пред дваесеттина години основачот на Авто Плус, Томислав Биљарац со поддршка од претседателот Киро Глигоров и Скопски Саем ја покренаа иницијативата за АутоЕкспо, манифестација која долги години ги презентираше новитетите во авто-мото индустријата. Еколошките и технолошките достигнувања, дизајнот и безбедноста во сообраќајот беа главните постулати, како и начинот како тие да се приближат до македонскиот граѓанин.

Avto Plus Street Show

Многу години и неколку кризи потоа, Авто Плус повторно со еден алтернативен начин на презентирање на нови, еколошки, технолошко напредни и електрични(хибридни) автомобили.
Avto Plus Street Show на 11 мај, на булеварот Илинденска, ќе обедини петнаесетина автомобилски брендови кои ќе презентираат безмалку 100 модели автомобили, повеќето новитети, а некои и со премиера на нашиот пазар. Ќе видиме и целосно електрични, хибридни и спортски модели, а со нив ќе бидат претставници и на придружната индустрија (гуми, акумулатори, авто галантерија…).

Придружете ни се на Бул. Илинденска: од Зоолошка Градина до Пионерски Дом Карпош, во сабота 11 мај. Настанот во сабота ќе го отвори Градоначалникот Петре Шилегов, а посетителите ќе можат да се дружат со “убавиците на четири тркала“ до 22 часот тој ден.

Подготвуваме многу изненадувања, премиери на нови автомобили на секој час, а кој сака ќе може да направи Тест возење на дузина актуелни модели.

Avto Plus Street Show 11

Повеќе информации следат овде на порталот Авто Плус, на Facebook и Instagram
…како и на профилите на учесниците на Avto Plus Street Show.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close