fbpx

Авто Плус Street Show 2021 – Прекрасен авто-мото викенд

Дојде крајот на одличната авто-мото забава која Авто Плус ја приреди изминатиот викенд со новото издание на Street Show

Авто Плус Street Show 2021 по два одлични дена дојде до својот крај. Најголемиот авто-мото настан во Македонија повторно ги исполни очекувањата, а овој уникатен автомобилски саем на отворено помина со одлично расположение и забава за сите љубители на автомобилите и мотоциклите.

Сите оние кои не посетија изминатиот викенд се надеваме дека ги исполнивме нивните очекувања. Присутните имаа можност да се запознаат со голем број новитети на македонскиот пазар, како и со понудите за комерцијални возила, нови мотоцикли, АТВ, четирицикли, електрични скутери и мотори, автомобилска галантерија и додатоци за возилата. Се на едно место. Временските услови ни излегоа во пресрет и ни овозможија да го организираме овој уникатен начин и алтернативен начин за презентирање на нови, еколошки, технолошко напредни возила.

И покрај организациските предизвици да се направи еден ваков настан во последниот сув викенд од годината, Авто Плус Street Show има потенцијал да прерасне во една прекрасна традиција. По првото издание кое се одржа во 2019 година, годинешниот настан навистина ги пресретна очекувањата на сите автомобилски ентузијасти, фанатици, вљубеници во убавиците на две и четири тркала, но и сите оние љубопитни луѓе кои не посетија изминатите два дена на големиот паркинг на СЦ „Борис Трајковски“.

Авто Плус Street Show 2021

Авто Плус Street Show најавува успешна традиција

Изминатиот викенд на Авто Плус Street Show беа присутни 22 изложувачи со над 40 брендови, а посетителите секако имаа што да видат. Во стилот на најголемите автомобилски настани од светот, така и на Street Show 2021 имаше и официјални презентации и премиери на новитетите на македонскиот пазар, па така јавноста која беше присутна на самиот настан, или која го следеше истиот преку стримингот на социјалните мрежи, можеше да се запознае со целосно електричниот Porsche Taycan, новиот Porsche Macan, освежената Dacia Duster, целосно електричниот кросовер Seres 3, потоа Audi A3 Sedan, новиот Renault Megane Conquest, како и авантуристичките камп-приколки на Caretta.

Со одлична и врвна организација во текот на двата дена, Авто Плус Street Show еволуираше во своето второ издание. Сега, ни останува да се надеваме дека во некоа следна прилика ќе можеме уште повеќе и уште подобро, а до тогаш, погледнете ги фотографиите од изминатиот викенд и погледнете како помина најголемиот авто-мото настан во нашата земја.

Авто Плус Street Show 2021

Поврзани вести

Back to top button