fbpx

Автомобил на Годината за 2018 во Македонија- DACIA DUSTER

Во 23-от избор за престижното признание во конкуренција на десет финалисти: BMW X3, Citroen C3 Aircross, Ford Fiesta, Dacia Duster, Kia Stinger, Kia Stonic, Nissan Micra, Opel Insignia, Seat Ibiza и Suzuki Swift, кои рамноправно конкурираа во трката за титулата.

Националното жири одлучи признанието во вид на маска на ладилник да ја додели на претставникот на Renault Grupe.

Борбата за тронот не беше ни најмалку лесна се „кршеа копјата“ околу сите кандидати, со оглед на фактот дека пред жирито имаше мошне извонредни автомобилски креации, но по играта со оценките, согласно критериумите, се стигна до конечното решение. На крајот одлучуваа нијанси, па Dacia Duster во годинашниов избор стигна до тронот со три гласа, a еден доби новата генерација на Ford Fiesta.

Годинава право на глас имаа и финалистите, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел. Возилото што доби најмногу гласови од финалистите освои еден еден глас кој е рамноправен со оние на членовите на жирито. Гласот од финалистите го доби моделот на Opel, второто поколение на Insignia.

DACIA DUSTER

За прв пат се доделува признанието „Томислав Билјарац“, во чест на дојаенот на македонското автомобилско новинарство и прв претседател на жирито, кој за жал не е веќе меѓу нас. Жирито реши да таа се врачува за посебни придонеси и резултати во фелата и овој пат ќе му биде доделена на еден од творците на Еуроимпекс, Владо Воиновски.

Изборот на Автомобил на годината во Македонија се организира по 23-ти пат. Вредно е да се напомене дека онаа блескава статуетка во вид на маска на ладилник, заштитен знак на манифестацијата, ги краси витрините на најреномираните светски производители, кои се горди на оствареното во нашата земја.

Ова е прво највисоко признание за еден модел од Dacia, која како што е познато е дел од Renault Grupe. Доделувањето на титулата Автомобил на годината во Македонија за 2017 и специјалните признанија ќе биде на свечена манифестација. Дополнително ќе бидете известени за местото и датумот на доделување на наградите.

Досегашни победници:

1996 Fiat Bravo/Brava
1997 Renault Megane
1998 Opel Astra 1998
1999 Škoda Octavia
2000 Fiat Punto
2001 Seat Leon
2002 Toyota Corolla
2003 Mazda 6
2004 Mazda 3
2005 Seat Altea
2006 Vоlkswagen Passat
2007 Opel Corsa
2008 Kia Cee`d
2009 Volksvagen Golf VI
2010 Opel Astra IV
2011 Hyundai iX35
2012 Кia Rio
2013 Seat Leon
2014 Škoda Octavia
2015 Ford Mondeo
2016 Skoda Superb
2017 Kia Sportage
2018 Dacia Duster

Поврзани вести

Back to top button