fbpx

Кој продава најмногу нови автомобили во 2018?

Тековната година го мина првиот квартал, па полека се наѕира кои брендови ќе се најдат во трката за лидерската позиција: кој продава најмногу нови автомобили

Статистиките објавени од Focus2move за првите три месеци од годината веќе потврдуваат дека Toyota и VW одново ќе бијат најголема битка.

Она што е посебно интересно од овој извештај секако е фактот дека марките Renault и Peugeot имаат неверојатен раст во првото тримесечие. Французите ја зголемија продажбата во текот на истиот период од 2017 година, за 8%, односно за 11,3%, па се најдоа на високите 10-та и 11-та позиција.

Инаку во моментов, Toyota e на првото место, која бележи годишен раст од 2,9%. Второто место е за Volkswagen, а тројката ја надополнува Ford. Kaj германскиот гигант исто така е забележана позитива од 4,1%, но кај Ford има евидентен пад за 5,5%.

Nissan и Honda се брендови што ја затвораат водечката „петорка“ на брендовите кој најдобро продаваат нови автомобили во светот за годинава. Нивниот раст во однос на минатата година изнесува 3,9%, односно 3,2%.

 

Поврзани вести

Back to top button