fbpx

Автомобилски бизнис во Европа во 2018 нема промени

Здружението на автомобилски производители во Европа (ACEA) објави податоци за новите регистрации на автомобили во 2018 година и според нив, и покрај падот од 8,4% во декември, бизнисот е задржан на нивото од 2017 година.

Податоците на ACEA покажуваат дека во изминатата календарска година, регистрациите на нови автомобили во Европа се зголемија со 0.1% до ниво од 15.158.874 единици, при резултат од 15.136.590 за 2017 година. Иако е слаб, овој раст е петти пат по ред од година во година.

Според податоците на ACEA, само на два од главните европски пазари се забележува зголемување во реализацијата за 2018 година- во Шпанија со 7% и во Франција со 3%, додека намалувањето кај останатите се движи од -0.2% во Германија, -3,1% во Италија и до -6,8% во Велика Британија.

Поврзани вести

Back to top button