fbpx

Автомобилските инвестиции во Иран повторно под лупа?!

Француската компанија PSA објави дека се надева на заеднички став на членките на Европската унија во однос на Иран, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека неговата земја се откажува од „нуклеарната зделка", поставена од неговиот претходник Барак Обама

Иран е многу важен пазар за француските автомобилски компании, кои беа меѓу првите кои се вратија во земјата по елиминацијата на санкциите против државата и нуклеарниот договор од 2015 година. Пред ова, се потврди дека нивните локални партнери продолжиле да произведуваат автомобили, модели на PSA и Renault, без меѓутоа да имаат право на тоа.

А, во отсуство на големите производители поради санкциите, на локалниот пазар влегоа и други компании кои не се придржуваат кон истите против Иран, главно кинески. Од 2015 година, па наваму, PSA потпиша договори за производство на автомобили за локалниот пазар во вредност од 700 милиони евра, за да ја врати лидерската позиција во Иран, а Renault исто направи сериозни инвестиции за да ги зголеми локалните производствени капацитети на 350.000 автомобили годишно.

Иран

„Зделката“ од 2015 година, која беше договорена од САД, Франција, Германија, Велика Британија, Русија и Кина, од една страна и Иран од друга, овозможи пад на санкциите, а во замена на тоа Техеран престана со програмата за создавање на нуклеарна бомба.

 

Поврзани вести

Back to top button