fbpx

Автономија од 380 километри за електричната верзија на Kia Niro

Kia ја покажа на салонот во Пусан електричната верзија на популарниот модел Niro

При второто претставување на кросоверот пред јавноста, од компанијата ги објавија и техничките податоци на електричниот и го претставија и ентериерот. Пред тоа, Niro EV беше прикажана на специјализираната изложба Chuju, но без сите информации. Инаку, Kia ја лансираше хибридната верзија на Niro пред две години, па сега дојде ред и на целосно електрична опција, која е управувана од еден електромотор со моќност од 204 коњски сили.

Електричниот мотор има максимален вртежен момент од 395 Nm и го пренасочува на предните тркала. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 7,8 секунди. Електричниот црпи енергија од литиум-полимер батерија со моќност од 64 kWh, кој обезбедува 380 поминати километри со едно полнење. Кога користите полнач од 100 киловати, 80 проценти од батеријата може да се полнат за 54 минути.

Како опција, е достапна поевтина батерија со 39,2 kWh, но со едно полнење со неа ќе може да се минат само 240 километри.

Niro

Поврзани вести

Back to top button