Само автономни автомобили на улиците за четвртина век?!
По четвртина век беспилотните системи ќе им го „одземат" правото на луѓето за управуваат со автомобилите
![Energie Mine](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/10/Avtonomni-1000-1-780x405.jpg)
Оваа прогноза беше дадена од експерти од областа на IoT на конференцијата одржана во Лондон.
За англиското изданието Mirror, претставник на компанијата Energie Mine – Рахим Омар, дури стигна подалеку во прогнозите, велејки дека во наредните 25 години сигурно ќе биде донесен закон со кој ќе им се забрани на луѓето да управуваат автомобили и ќе ги заменат со вештачка интелигенција.Според експертот, владата на Велика Британија веќе работи во таа насока. Само треба да се направи конечниот чекор, како да се развие соодветен правен документ и да се понуди на дискусија.
Омар верува дека ова е неизбежно, и таквата мерка ќе заштеди илјадници животи. Главната предност на беспилотните возила е дека тие сигурно ќе се усогласат со правилата во сообраќајот.
Британските експерти се на мислење дека овој закон е логично продолжување на друга иницијатива. Односно забраната за користење на бензински и дизел мотори на територијата на Европа од 2040 година. Така автопроизводители ќе треба да работат во две насоки, како на опремување идните модели со алтернативен погон, така и на беспилотните контролни системи.