fbpx

Автономните автомобили можат да го отежнат сообраќајот

Сите сметаме дека автономните автомобили се иднината на транспортот, бидејќи ќе го намалат сообраќајниот метеж, ќе ја зголемат безбедноста во сообраќајот и ќе се користат поефикасно од страна на луѓето

Но не сите се согласуваат со тврдењата дека автономните автомобили доста ќе го олеснат сообраќајот во градовите. Професот по екологија, Адам Милард-Бол, од Калифорнискиот универзитет во Санта Круз не се согласува со тоа и тврди дека автономните автомобили можат да го направат сообраќајот во големите градови побавен. Адам Милард-Бол врши анализа на проблемот за паркирање на автономните автомобили.

„Цените за паркирање е тоа што ги преусмерува луѓето да користат јавен превоз, но автономните автомобили немаат потреба од паркирање. Ова би направило хаос во сообраќајот.” вели Адам.

автономните автомобили

Со други зборови за автономните автомобили би било поповолно постојано да се движат отколку да паркираат бидејќи движењето на истите со минимална брзина која се рамни со ползење е поевтино отколку паркирањето. Според пресметката на професорот цената која би изнесувала за еден час движење на таков автомобил би била половина долар на час, што е многу пониска од цената за паркинг место.

Присуството на само 2000 возила во центарот на Сан Франциско би го забави сообраќајот на помалку од 3,2 километри на час. Проблемот кој би настанал сепак има решение кое би било овозможување на паркинг за овие возила со пониски цени и секако оптималното користење на истите.

Поврзани вести

Back to top button