fbpx

AвтоВаз со 12 нови модели до 2026

АвтоВаз ги објави плановите за нејзиниот развој на среден рок

Според нив, до 2019 година ќе започне производство на два нови модели, а уште четири ќе бидат обновени. До 2026 година, компанијата ќе претстави уште десет нови модели, а седум ќе бидат надградени.
АвтоВаз
Според прогнозите, до 2026 производствените капацитети на компанијата во Тољати и Ижевск треба да се целосно обновени. Трите производствени линии во Тољати и едната во Ижевск ќе ги произведуваат како моделите на Lada, така и автомобили на Алијансата Renault-Nissan.
АвтоВаз
АвтоВАЗ исто така ги објави своите финансиски резултати за првите четвртини од годината. За прв пат од 2012 година, фабриката има оперативен профит од 1,9 милијарди рубли. Но, за нето добивката е премногу рано да се зборува. Вкупните приходи за овој период се зголемија за 21,5%, на 158,6 милијарди рубли. АвтоВАЗ ги предупреди акционерите дека резултатите можат негативно да влијаат на порастот на цените на материјалите и промените во девизните курсеви.

Според претседателот на компанијата, Никола Мор, „позитивниот резултат на оперативната активност е делумно одреден од страна на некои променливи фактори“. Такви се воведувањето на мерките за државна помош во прилог на завршување на програмата за обновување на флотата во земјата и ефектот од поволните девизни курсеви во првото полугодие. За првите девет месеци од оваа година продажбата на автомобили Лада се зголеми за 16,5%, на 221.207 возила, а извозот е зголемен за 61,6%.

Поврзани вести

Back to top button