fbpx

BAC ќе користи ниобиум во структурата на Mono

Британски BAC добива нови финансии за новиот проект кој вклучува имплементирање на нано елементот нимобиум во структурата на BAC Mono

Ниобиумот е природен елемент кој е растеглив, прилагодлив и високо отпорен на корозија“. Според информациите, тој ги засилува механичките својства на легурните метали и веќе се користи во млазните погони, ракетите и градежништвото. Овој проект на BAC сепак означува и користење на нобиумот за прв пат во автомобилската индустрија.

Британскиот производител бара концептен доказ преку развој и производство на структурални прототип системи. Доколку се покаже како успешно, следната фаза ќе значи и имплементирање на ниобиумот во целосната продукција.

BAC

„Ние сме навистина возбудени поради нашиот најнов проект кој вклучува развој и истражување за нано елементот и повторно се насочуваме кон тоа да го ставиме BAC на мапата на вистински пионери во автомобилската индустрија. BAC е синоним за револуционерна технологија и поместувањето на границите на возможното, а користењето на ниобиум засилените структури е само уште еден иновативен начин за круцијално решение за намалување на тежината кај Mono суперавтомобилот“.

Секако, Mono веќе е познат по редуцирањето на тежината. Последниот модел на чини 212.000 долари со причина. Имено, BAC Mono тежи само 570 килограми и има сооднос на моќност и тежина од 582 КС по тон благодарение на неговиот 2,3-литарски мотор кој испорачува 332 КС.

Целиот проект е спонзориран од страна на CBMM, бразилска компанија која исто така е вклучена во Formula E. Неодамна, тие исто така станаа главен снабдувач на Extreme E Racing, кој беше лансиран од страна на Луис Хамилтон.

Поврзани вести

Back to top button