МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНА

ББ Класик Карс го претстави македонскиот електричен автомобил

Вчера на специјална презентација, компанијата ББ Класик Карс го презентираше нивниот проект, односно го претстави македонскиот електричен автомобил

Неговото име е ЗАС Г20, а се базира на легендарното Фиќо. Со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој и со поддршка на повеќе специјализирани фирми и занаетчии, тимот на ББ Класик Карс, го модифицирал автомобилот, на начин што го замениле конвенционалниот мотор со внатрешно согорување со електичен погон.

Ова возило со едно полнење може да помине фасцинантни 130 километри, а максималната брзина која ја развива е ограничена на 130 km/h. Доколку и вие имате здрава школка од легендарното Фиќо и сакате да го претворите во електрично, тоа може за вас да го направи тимот на ББ Класик Карс.

Постојат четири варијанти на модификации и тоа: G20 – класично градско возило, TC20 – градско возило со спортски изглед, TCR20 – спортско возило за град, TCR50 – спортско возило за натпревари, времето за испорака е околу два месеци од дефинирањето на нарачката. Придобивки за ваков чекор секако дека има. Економичноста, аерозагадувањето и големата издржливост се на страна на електричните возила.

Цените зависно од желбите се околу 20.000 евра, кои се очекува најмногу да се интересни за странските клиенти.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close