НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Bentley Bentayga доби биометриски сеф

Bentley објави дека како резултат на развојот на специјализираното одделение за персонализација и уникатни доработки Mulliner, во луксузниот SUV, моделот Bentayga веќе нуди сеф за вредни предмети, а пристапот до него се остварува преку биометриски податоци

Сефот кој ветува дополнително спокојство за чување на вредни предмети на Bentayga е изработен од алуминиум, а заклучувањето и отклучувањето му се остварува преку брава со отпечаток. Од Bentley коментираат дека компактниот сеф, позициониран под потпирачот за рака е идеално решение за краткотрајно складирање на вредни предмети, како часовници, очила и пари, додека сопственикот е на плажа или на некоја ски патека.

Во исто време, благодарение на двата во него вградени USB излези, клиентот може да дополни батеријата на мобилниот телефон или да го поврзе со вграденото аудио.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close