fbpx

Новото Bentley Flying Spur доаѓа со димензиониран кожен тапацир

Откако пред малку повеќе од еден месец ја открија првата слика и видео на новата генерација на моделот Flying Spur, денес од Bentley споделија нови детали за следната генерација на автомобилот

За жал и овој пат од Bentley не кажуваат повеќе детали за Flying Spur, но со видео најавија една од неговите карактеристики. Од Bentley коментираат дека новиот Flying Spur ќе предложи високо ниво на луксуз и технологија, а како пример го посочуваат првиот во автомобилската индустрија димензиониран кожен тапацир. Што точно се крие зад оваа дефиниција и како точно го реализирале од легендарната марка, ќе разбереме оваа година со премиерата на новиот автомобил.

Поврзани вести

Back to top button