fbpx

Bentley Flying Spur Mulliner е најлуксузниот седан на брендот

Компанијата Bentley подготви уште полуксузно и посифистицирано издание на Flying Spur со додавање на Mulliner опцијата во поставата

Bentley Flying Spur Mulliner пристигнува со цел да го направи веќе луксузниот седан уште полуксузно возило. Јавното деби на автомобилот ќе се случи за време на престојниот Monterey Car Week. Mulliner верзијата на Flying Spur добива двојна дијамантска шема на предната решетка и хромиран финиш за понизок проток на воздух. Bentley Flying B орнаментот на хаубата електронски се отстранува и е осветлен.

Bentley Flying Spur Mulliner

Брендингот на Mulliner се наоѓа и на вентилациските отвори на предните крила, додека капаците на ретровизорите се во Satin Silver боја. Луксузниот седан е поставен на 22-инчни тркала со полиран финиш и сиви детали со само-нивелирачки капачиња во средината.

Во внатрешноста, Mulliner нуди осум специјално направени комбинации од три бои. Еден од дизајните специјалната дивизија на Bentley ја нарекува Ascot и вклучува микс на Imperial Blue кожа и Camel кожа. Тука е и опцијата Flair која е микс на нијансите Hotspur и Beluga, како и Sirius во Brunel боја со сребрени акценти.

Bentley Flying Spur Mulliner

Оваа повисока класа на Flying Spur пристигнува стандардно со Mulliner Driving Specification. Тоа значи дека моделот се одликува со diamond-in-diamond шема на ватирање на седиштата и тридимензионални кожни дизајни за панелите на вратите.

Патниците на задните седишта имаат електронски контролирани пикник масички со фурнирска површина. Централната и задната конзола имаат дијамантски технички финиш. Mulliner часовникот на контролната табла е со исполирана сребрена површина. Овој Bentley Flying Spur Mulliner пристигнува и со клучеви обложени со кожа во рачно изработена презентациска кутија која ја има истата шема на бои како и ентериерот на седанот кој ќе го избере купувачот.

Инаку, ова е првиот Mulliner модел кој ќе биде достапен со хибриден погон. Купувачите можат да бираат меѓу електронски засилениот 2,9-литарски V6 мотор кој испорачува 543 КС и 750 Nm максимален вртежен момент. Тука е и опцијата со битурбо 4,0-литарски V8 кој испорачува 549 КС и 770 Nm. На врвот на понудата се наоѓа битурбо 6,0-литарскиот W12 агрегат кој нуди 634 КС и 900 Nm максимален вртежен момент.

Поврзани вести

Back to top button