fbpx

Bentley ги финишира рекреациите на Bacalar и Blower

Mulliner, одделението за персонализација на Bentley, во последно време е особено зафатен со креирањето на два исклучително огранични автомобили

Bentley, односно неговиот оддел за персонализација Mulliner, има задача за креирање на две ограничени серии на исклучително ретки автомобили, а првите примероци се веќе подготвени да ја напуштат фабриката. Ограничена на само 12 единици, овие модели се Bacalar и совршена рекреација на Bentley Blower од 1929 година. Рекреацијата на 4 1/2-Litre на сер Хенри Тим Биркинс од 1929 година е неверојатно прецизен и одличен „трибјут“ на автомобилот кој бил дизајниран да се натпреварува на Ле Ман.

Bentley

„Да се видат овие два автомобили финиширани му даде на целиот тим неверојатно чувство на гордост. Години работа се вложени во дизајнирањето и развојот на овие проекти, а да се видат заедно е неверојатно наградувачки“, изјави Пол Вилијамс, директорот на Mulliner.

Каросеријата на Blower е изработена во Rexine и финиширана во Birkin Green фарба, а бојата е направена да соодветствува со оригиналниот автомобил врз кој е базиран, како што е случајот со тркалата и кожниот ентериер.

Blower Car One, како што е познат, е идентичен со оригиналниот автомобил во секоја смисла, со исклучок на три детали. Имено, тој поседува облога од пена во резервоарот за гориво, модерна електрична пумпа за гориво и иако изгледа како оригиналното динамо, поседува помодерен и помоќен систем за напојување за дополнителна сигурност.

Bentley

Кога станува збор за моторот, под хаубата се наоѓа 4,5-литарска единица со алуминиумски клипови, DOHC брегасто вратило, четири вентили по цилиндер и две свеќици по цилиндер. На предниот дел се наоѓа легендарниот суперполнач од кој автомобилот го добива своето име. Моќноста изнессува 240 КС.

Bentley Bacalar

Од друга страна Bacalar, е целосно нов модел, па оттаму немаше и потреба да се останува доследен до легендарното минато. Сопственикот се одлучи за да го финишира истиот во карбонска каросерија во шампањ нијанса врз сатенско сребрена боја наречена Atom Silver.

Моделот е поставен на 22-инчни тркала дизајнирани специјално за моделот со полирани лица и темно сиви сатенски краци и Moss Green акценти. Оваа боја исто така може да се најде и во централната цевка на решетката, внатре во фаровите, на горните хромирани граничници.

А-столбовите, шемата на решетката, отворите за воздух на хаубата, страничните отвори, долниот дел од каросериата, инсертите на задниот браник и шапите на сопирачките, од друга страна, се финиширани во сјајно црна боја со цел да се добие контраст. Во внатрешноста се наоѓа Beluga кожа со Moss Green нијанса и Opel Pore Riverwood трим, заедно со Glos Black фурнирот со уникатни сатенско бронзени детали.

Под хаубата Bacalar го добива битурбо W12 моторот со 659 КС, истиот оној кој се наоѓа кај Continental GT Speed, кој му овозможува на возилото да забрза од нула до 60 милји на час (0-96 км/ч) за само 3,5 секунди. Од Bentley истакнуваат дека Bacalar може да достигне повеќе од 320 километри на час максимална брзина.

Поврзани вести

Back to top button