fbpx

Bentley го покажа Car Zero за Mulliner Bacalar

Откако го претстави Car Zero од Blower Continuation Series пред неколку дена, Bentley ja претстави и предпродукциската верзија на Mulliner Bacalar

Bentley го претстави својот втор Car Zero во краток период, откако сега пристигна и предпродукциската верзија на Mulliner Bacalar кој треба да излезе следната година. Овој автомобил ќе се користи за тестирање на издржливост и валидација на моделот.

Со оглед на тоа дека ќе се прави евалуација на аеродинамиката, бучавата, вибрациите, управливоста и максималната брзина на автомобилот, прототипот на овој модел, кој исто така е наречен Car Zero, веќе ги акумулира своите километри во Европа.

Во следната фаза на патувањето, кое ќе заврши со составувањето на 12-те предпродадени автомобили следната година, ќе биде подлегнат на тестирање во екстремни временски услови во температури до 80 степени, а притоа ќе се тестира и неговиот електронски систем. На крајот од 20-неделниот програм за валидизација, Bentley ќе ги има истестирано сите компоненти, вклучително и новите 750 делови ексклузивни за Bacalar, 40 од кои се направени од карбон, а 100 се произведени користејќи „рапидни адитивни производствени техники“.

Инспириран од EXP 100 GT концептот, креиран од страна на Mulliner и наречен по Laguna Bacalar на полуостровот Јукатан во Мексико, овој автомобил беше презентиран во март.

Car Zero

Се напојува со битурбо 6,0-литарски W12 мотор кој испорачува 659 КС и 900 Nm максимален вртежен момент. Агрегатот е поврзан со осумстепен автоматски менувач со двојна спојка и систем за погон на сите четири тркала кој ја распределува моќноста меѓу предната и задната осовина – иако за оптимални ефикасност и перформанси, автомобилот користи погон на задни тркала што е можно повеќе. Максималната брзина изнесува 322 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button