fbpx

Bentley го претстави новиот Continental GT Mulliner

По премиерата на кабрио варијантата, Bentley сега го претстави и новиот Continental GT Mulliner Coupe кој ќе дебитира на 22 септември на Salon Privé

Новиот Bentley Continental GT Mulliner Coupe претставува „нов луксузен врв“ во опсегот и како таков сега нуди уште повеќе опции за клиентите кои сакаат да си креираат уникатен Bentley кој ќе го украсат според нивните индивидуални спецификации.

Надворешноста на новиот Continental GT Mulliner добива голем број на ексклузивни стилски карактеристики, вклучително и новата сребрено-црна Double Diamond предна решетка со соодветни предни отвори за воздух, куќишта за ретровизорите во Satin Silver боја со Mulliner Welcome ламби поставени под нив, како и осветлени Mulliner прагови на вратите. Ревизијата на екстериерот ги опфати и тркалата кои сега се 22-инчни Mulliner тркала.

Уникатна и ексклузивна внатрешност

Ентериерот на новиот Continental GT Mulliner ќе им понуди на купувачите уникатни и ексклузивни бои, вкупно осум тробојни комбинации ќе бидат предлогот на Mulliner, вклучително и палетата на Bentley од голем број на нијанси со цел да се креира „впечатлив, а сепак елегантен контраст во кабината“.

Како стандард, сите модели ќе пристигнат со Mulliner Driving спецификации, што додава и Diamond in Diamond прекривки речиси на секоја површина, од седиштата, па се до панелите на вратите.

Continental GT Mulliner

Од Bentley откриваат дека секој автомобил има речиси 400.000 шавови во внатрешноста на кабината, со оглед на тоа дека секој „дијамантски мотив“ на прекривките бара 712 индивидуални шевови. Само за везењето се потребни 18 месеци, со тоа што секој шев е прецизно позициониран.

Централната конзола е украсена со новиот технички финиш со дијамантски мотиви, заедно со Grand Black орев фурнир со хромирани детали. Уникатниот Breitling часовник исто така е поставен на центарот од конзолата. Брусираниот метален финиш на Breitling часовникот е пренесен и на дигиталниот инструмент кластер, кој се карактеризира со уникатен дизајн на главните инструменти.

Continental GT Mulliner

Новиот Bentley Continental GT Mulliner може да се напојува со 6,0-литарскиот W12 мотор со 626 КС, или пак со 4,0-литарскиот V8 мотор со 542 КС. Производителот ќе започне да прима нарачки од октомври. Првите испораки на новиот автомобил ќе се случат кон почетокот на следната година.

Поврзани вести

Back to top button