fbpx

Bentley го претстави освежениот Bentayga

Bentley го претстави освежениот модел Bentayga за 2021 година кој пристигнува со први позначителни промени од 2016 година кога овој SUV се појави на пазарот

Од Bentley посочуваат дека е усвоен најновиот дизајнерски јазик на брендот кој дебитираше на новите модели Continental GT и Flying Spur, што значи дека на предниот дел освежениот Bentley Bentayga пристигнува со поголема решетка на ладилникот, како и светла во облик на елипса, што за прв пат е случај кај еден модел на Bentley. Предниот браник исто така добива поагресивен изглед, а тука се и новите тркала со уникатен дизајн за Bentayga кои се највпечатливиот додаток.

Bentley Bentayga

Големи промени се забележливи и на задната страна од автомобилот, каде што светлата исто така добија форма на елипса. Bentley исто така реши да го помести местото за регистрациските таблички на браникот и го редизајнираше завршетокот на издувните цевки, чиј дизајн сега го следи новиот облик на светлата.

Ниту внатрешноста не остана имуна на промените, па така пристигнуваат подобрувања во вид на нов менувач и нови панели на вратите. Редизајнирана е и централната конзола на која е поставен 10,9-инчен екран на допир со edge-to-edge графика преку кој се управува со инфозабавниот систем. Овој SUV го добива и новиот управувач кој се најде кај Continental GT и Flying Spur.

Bentley Bentayga

Повеќе новини, поголем луксуз

Bentley Bentayga во внатрешноста може да смести четири до пет патници, на целосно новите седишта, но на купувачите како опција им се нуди и трет ред за дополнителни двајца патници. Од Bentley истакнуваат дека патниците во задниот дел сега ќе можат да уживаат во поголем простор кој е зголемен за 100 милиметри.

Покрај 10,9-инчниот екран кој пристигнува со супер висока резолуција и динамична графика, исто така и патниците во задниот дел добиваат нов, поголем далечински управуван таблет со екран на допир, сличен на оној кај Flying Spur. Кога сме веќе кај внатрешноста, треба да се нагласи дека кабината ќе биде направена уште полуксузно со новата апликација на темно избрусените алуминиумски детали, како и двата фурнири целосно нови кај Bentayga – Koa и Crown Cut Walnut.

Bentley Bentayga

Овој SUV на британската компанија се напојува со истиот 4,0-литарски V8 мотор кој развива 542 КС и 770 Nm максимален вртежен момент. W12 и plug-in хибридниот модел ќе пристигнат во текот на следната година.

Поврзани вести

Back to top button