fbpx

Bentley со специјална зимска верзија на Continental GT за GP Ice Race

Bently подготви специјална верзија на Continental GT кој ќе биде способен да се натпреварува на познатата трка GP Ice Race во австриски Цел ам Зе

Следејќи ја неодамнешната историја на Bentley за поставување на брзински рекорди на мраз во 2007 и 2011, Continental GT со моќниот W12 мотор е подготвен да го продолжи наследството на Bentley за високи перформанси на мраз на спектакуларната изложбена манифестација во Австрија во текот на викендот на 1 и 2 февруари годинава.

Временските непогоди, особено снежните, можат доста да влијаат на автомобилите, а скапите возила како Bentley можат да бидат целосно бескорисни кога ќе се најдат во длабок снег и на заледен пат. Затоа оваа компанија одлучи да креира посебна верзија наречена Ice Race Continental GT која е наменета за снежни авантури.

Continental GT

Ice Race Continental GT ќе му одаде почит на својот „сонародник“ од Pikes Peak International Hill Climb кој во 2019 година постави светски рекорд и ќе го дели истиот фабрички поставен W12 твин-турбо TSI мотор. Овој 6,0-литарски „ѕвер“ испорачува 635 КС и 900 Nm вртежен момент. Од нула до „стотка“ стигнува за 3,7 секунди, а максималната брзина е 333 километри на час.

Ice Race Continental GT е зачуван што е можно поблиску до производниот стандард, со минимални промени за безбедноста, вклучително и анти-рол кафез во задниот дел, противпожарен систем во кабината, тркачки седишта и прицврстувачи.

Continental GT

Специјална опрема за уникатното натпреварување

Автомобилот е украсен со прекрасна сина боја и тркачки симболи, а на својот покрив поседува носач за скии. На бандажите се поставени посебни Pirelli Scorpion Ice Zero2 зимски гуми кои можат да го извлечат овој автомобил и од најголемиот ненатапкан снег, а во автомобилот е вграден и посебен возачки мод за снег, кој ја намалува брзината на вртење на тркалата, така што лесно може да се извлече од снег и лед. Тука е и зголемениот клиренс, проширените штитници за кал, поширокиот траг на тркалата, Lazer светла и Akrapovič издувниот систем специјално направен за Bentley.

GP Ice Race во австриското гратче Цел ам Зе (Zell am See) се сочинува од дводневни трки. Прв пат одржан во 1937 година, а оживеан лани, овој настан нуди широка лепеза на историски и модерни тркачки и рели автомобили. За време на викендот возачите се натпреваруваат во различни категории на површина од 600 метри замрзната тркачка патека издлабена од снегот и вклучува два теста – стандардно тркање и скијоринг.

Поврзани вести

Back to top button