fbpx

Берни Еклстоун плати 4,2 милиони евра за автомобил од Сена

Поранешниот шеф на F1, Берни Еклстоун, го купи еден од најважните болиди во кариерата на легендата Аиртон Сена - McLaren MP4 / 8-6 од 1993 година, со кој Бразилецот ја оствари својата последна победа во Монако

Сена има освоено шест победи во Монте Карло, а болидот со кој тоа го направи за последен пат се најде на аукција во Монако. Болидот е со мотор од 1993 година – Ford HB, а тука е и оригиналниот менувач од трката за која станува збор. Цената на автомобилот достигна 3,65 милиони евра, но со додавање на договорот, Берни исплатил речиси 4,2 милиони евра за автомобилот.

Според непотврдени информации за овој автомобил биле заинтересирани, сегашниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон и поранешниот шеф на MC Laren, Рон Денис. Ова е далеку од највисоката цена по која беше продаден автомобилот на Михаел Шумахер, болидот на Ferrari од сезоната 2001 година, кој достигна неверојатни 7,5 милиони долари.

Еклстоун има сериозна колекција болиди од Формула 1, најмногу од тимот, на кој беше сопственик – Brabham.

Берни ЕклстоунБолидот купен од Берни е особено важен, бидејќи многу малку изведби управувани од Сена, додека бил пилот на McLaren, ја напуштиле фабриката на компанијата во Вокинг. Интересно е што и другиот болид продаден на оваа аукција во Монте Карло, исто така се покажа како автомобил на Аиртон Сена. Станува збор за Toleman-Hart TG184 од сезоната 1984 – првиот на Бразилецот во ова натпреварување. Со овој автомобил Аиртон завршува втор во Монако и трет на Брандс Хеч, а цената на болидот достигна 1,61 милиони евра.

Поврзани вести

Back to top button