Без изненадувања во изборот за Мотор на годината за 2018
Победник во јубилејното 20-то издание на изборот на Меѓународен мотор на годината 2018, по трет пат стана осумцилиндерскиот битурбомотор Ferrari F154 со зафатнина од 3.9 литри, кој се вградува на Ferrari 488 и развива моќност меѓу 670 и 720 КС
07/06/2018
824 1 минута читање
Инженерите од Маранело, исто така, триумфираа во новата категорија на мотори. Победникот е 6.5-литарскиот F140 GA V12 на Supercar Ferrari 812 Superfast. Тој се рангираше на третото место во вкупниот пласман. Второто место меѓу новите агрегати го зазеде модернизираниот 4.4-литарски V8 на BMW M5 (600 КС), а трето – 3.0-литарскиот во линија шестак на Mercedes-Benz M256 со 48-волтен стартер-генератор (367 КС). Во моментов тој се монтира само на CLS и S-Klasse, но наскоро ќе се појави под предниот капак и на други штутгартски модели.
Во останатите категории во овогодинешниот конкурс – девет од единаесетте победници се исти како и минатата година, а некои мотори се „претплатени“ на првите места во своите категории и по неколку години. Промени има само меѓу моторите со зафатнина до 1.0 литар, каде најдобар за годинава е Volkswagen 1.0 TSI, кој лани го зазеде второто место зад шесткратниот победник Ford Ecoboost 1.0.