fbpx

Блиндираниот „ѕвер“ на Трамп се појави на Daytona 500

Не се случува секој ден претседателот со својот автомобил да учествува на трки како Daytona 500, особено не со својот Cadillac вреден 1.500.000 долари

Претседателот на САД Доналд Трамп, во друштво на својата сопруга и прва дама Меланија Трамп се провозеа по патеката на славната трка Daytona 500 која е дел од NASCAR шампионатот. Тие го направија воведниот круг во својот блиндиран Cadillac CT6 вреден 1.500.000 долари и тежок 9.000 килограми кој со причина го нарекуваат „ѕвер“.

Трката Daytona 500 е долга 500 милји, односно 805 километри. Втора година во низа победа забележува Дени Хамлин, но неговата победа остана во сенка на страшниот судир во последниот круг.

Поврзани вести

Back to top button