ВИДЕОНАСЛОВНА

Суперсоничниот автомобил BLOODHOUND SSC со првиот вистински тест

Пред неколку дена на аеродромот Cornwall Airport Newquay во Велика Британија се одржа првата проба на суперсоничниот автомобил BLOODHOUND SSC во реални услови

За време на тестот, екипата на BLOODHOUND SSC, која си постави за цел постигнување на нов светски рекорд за максимална брзина од 1600 km/h, вршела сосем други испитувања. Тимот успеал да регистрира остварување малку над предвидената граница од 200 милји на час, 210 милји на час на 2,7 километри.

1 | BLOODHOUND SSC
2 | BLOODHOUND SSC
3 | BLOODHOUND SSC

    Од екипата на BLOODHOUND SSC велат дека брзината од 336 km/h била достигната од место за само 8 секунди и дека главните причини за тестот била проверка на работата на управувањето, системот за сопирање, суспензијата и возните својства. За моторот EJ200се направени дополнителни тестови, а тој е во принцип од Eurofighter Typhoon.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Close