Кои се најбрзите автомобили на Нирбургринг(видео)

Дваесет километри, во кои немаш право на грешка. Подмолни свиоци, промени во висината и секогаш во трка со времето - тоа е големата патека наречена Северен лак, дел од легендарниот Нирбургринг

Дваесет километри, во кои немаш право на грешка.

Подмолни свиоци, промени во висината и секогаш во трка со времето – тоа е големата патека наречена Северен лак, дел од легендарниот Нирбургринг. Да оствариш најдобро време тука е прашање на престиж, најмногу за производителите на сериски спортски автомобили.

Постојано во текот на денот автомобилските гиганти водат „битка“ за освојување на Северниот лак или ако сакате Зелениот пекол и ги подобруваат рекордите на истиот. Нема сегмент каде не се тестираат највредните перформанси на моделите, од оние најмалите, со предел или заден погон, со толку и толку коњи…, па сè до оние ѕверките кои секако привлекуваат најголемо влијание. Кои се најбрзите модели на Нирбургринг?

Mercedes-AMG GT R Време: 7:10,92 минути

Најбруталната верзија на спортското купе Mercedes-AMG GT со дополнителен индекс R беше претставена на Фестивалот на брзината во Гудвуд во 2016 година. Под хаубата е поставен истиот 4.0-литарски V8 мотор со 2 турбополначи, кој развива 462 КС кај верзијата GT и 510 КС кај GT S. За R-изведбата моторот е форсиран до 585 КС, а максималниот вртежен момент е зголемен до 700 Nm.

На изглед Mercedes-AMG R се одликува по решетката на ладилникот, фиксното антикрило, зголемените предни всмукувачи на воздух, различниот преден браник и заден дифузер. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,6 секунди, а максималната брзина е 318 km/h. Сето тоа не помогна на каросеријата да „се симне“ под 7 минути на Северниот лак. На 7 декември 2016 година Mercedes-AMG GT R запиша 7:10,92 минути. Ова достигнување најверојатно ќе биде подобрено од идната супер изведба на Германците, позната до моментов како Project One.

Nissan GT-R Nismo N Attack Време: 7:08,68 минути

Дури и најновиот „проектил” со заден пренос на Mercedes-AMG не успеа да го стигне рекордното време од 2013 година, поставено од Nissan GT-R. Јапонците имаат неколку адути во ракавот. Најважните се систем за погон на четири тркала и дополнителниот пакет N Attack, кој потоа се предлагаше и на сериските GT R за доплата.

Овој Nissan GT-R Nismo N Attack е опремен со 3.8-литарски V6 со 2 турбополначи, форсиран до 592 КС. Освен помоќен мотор возилото има наштиман менувач, титаниум издувен систем, како и нова прилагодлива суспензија со амортизери Ohlins. Кон ова треба да се додаде елементи од карбон на каросеријата. Ова му овозможува на моделот постигнување на време со 11 секунди подобро од тоа на стандардниот GT-R.

Lamborghini Aventador LP 750-4 SV Време 6:59,73

На секој производител на супер модели кој доаѓа на Зелениот пекол, целта му е време под 7 минути. Многу малку од сериските машини, постигнале нешто подобро. Тоа му успеа на Lamborghini со нивното купе Aventador LP 750-4 SuperVeloce, кое беше претставено на автосалонот во Женева во 2015 година.

Компанијата најави дека ќе пушти 600 примероци од оваа модификација, што е сосема доволно за добивање на титулата „сериски модел”. Во споредба со стандардниот Aventador при овој 6.5-литарски V12 е форсиран од 700 на 750 КС. Освен тоа благодарение на користениот карбон, тежината е намалена за 50 kg, Преработена е аеродинамиката, речиси два пати е зголемена потисната сила наштимани се управувачот и суспензијата.

Сето ова му овозможува на LP 750-4 SV да забрза од 0 до 100 km/h за 2,8 секунди, а максималната брзина да надмине 350 km/h. Токму такво „Ламбо” на 18 мај 2015 година регистрира 6:59,73 минути за круг на Нирбургринг. За да ја почуствувате разликата, треба да потенцираме дека стандардниот Aventador со 700 КС е со цели 26 секунди побавен.
Porsche 918 Spyder Време: 6:57,00

Porsche 918 Spyder Време: 6:57,00

Хибридниот 918 Spyder е најбрзото „цивилно“ Porsche во историјата, па тоа нема секако да го пропушти предизвикот на Зелениот пекол. Неговиот атмосферски 4.6-литарски V8 мотор развива 608 КС, а на секоја оска е поставен по еден електромотор. Конечно се добива моќност од 887 КС и 1280 Nm, забрзување од 0 до 100 km/h за 2,8 секунди и максимална брзина е 351 km/h.

На 4 сепетмври 2013 година, автомобилот со вредност 1.082.300 евра кола успеа да запише време од 6:57,00 минути за круг – кое беше најдобро неколку години. Рекордот е поставен од верзијата со дополнителен пакет Weissach, благодарение на која хиперколата е за 30 kg полесна. Само за објаснување – овој пакет чини 90.000 евра – колку едно Porsche 911.

Lamborghini Huracan Perfomante Време: 6:52,01

Ако треба да бидеме попрецизни, рекордот на Porsche 918 Spyder беше најдобар до 5 октомври 2016 година, кога беше подобрен од екипата на Lamborghini. Германската хегемонија беше нарушена од Huracan во верзија Performante, а постигнувањето беше потврдено дури во пролетта оваа година. Новото најдобро време меѓу сериските автомобили е 6:52,01 минути.

Самиот Huracan Perfomante е опремен со најмоќниот V10 мотор во историјата на компанијата. Тој развива 640 КС и 600 Nm, а е комбиниран со систем за погон на сите четири тркала и преработена роботизирана трансмисија. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,9 секунди, a тоа се должи и на редица други подобрувања.

Главниот од нив е уникатен систем за активна аеродинамика ALA, кој вклучува задно антикрило со електронски елементи, кои го контролираат протокот на воздух. Затворањето на дел од нив не само што ја зголемува потисната сила, но и обезбедува стабилност во свиоците. Идејата не е нова и доаѓа од болидите во Formula 1, но на стандарден автомобил се користи за прв пат.

Сега на потег се конкуренти кои немаат да трпат долго време Lamborghini да е на врвот. Колку и да брз Huracan Perfomante, предизвикот Нирбургринг е огромен и битката за превласт никогаш нема да заврши.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close