fbpx

Најмалку 150 коњи за BMW 2 Gran Coupe

Серија 2 на BMW, исто така, ќе биде збогатена со верзијата Gran Coupe

Верзијата Gran Coupe е присутна во Сериите 4 и 6, а претсавува купе со 4 врати. Серијата 2 Gran Coupe ќе биде третиот таков модел на BMW.

2 Gran CoupeПлатформата UKL со попречно поставен мотор и преден пренос ќе биде основа за новиот автомобил. На оваа платформа се Mini, BMW X1, компактните ванови Active Tourer и седанот BMW 1 (достапен само на кинескиот пазар). Моделот ќе ја добие ознаката F44 и производството треба да почне во 2019 година. Пазарното деби на автомобилот ќе е во 2020 година, а ќе се составува во фабриката во Лајпциг.

Се претпоставува дека сите мотори на Серија 2 Gran Coupe ќе имаат моќ од најмалку 150 КС, а основни верзии ќе бидат 220i и 218d. Моделот M ќе добие помоќна верзија на 2.0-литарскиот турбо V48 мотор, кој сега има 258 КС.

Поврзани вести

Back to top button