fbpx

BMW побара помош за да ја „престигне“ Tesla

Ако треба Баварците ќе побараат помош од брзорастечките технолошки компании за да додадат брилијантност на електричните возила што ги произведуваат

Ова беше признато од извршниот директор Питер Шварценбауер, цитиран од Automotiv News.

– BMW беше првиот европски производител кој понуди сериски електричен модел за градски средини – i3. Овој модел е развиен од самиот почеток како електричен, но ние не најдовме соодветен начин да ги натераме луѓето да користат такви автомобили. Тоа е она што го направи Тесла, каде што електричното возење го направи потреба и забава, коментира Шварценбауер.

BMW

Тој додаде дека кога BMW го лансираше i3 во 2013 година, премногу се фокусираа на тоа колку е важно да се користат електрични возила, наместо да им се објасни на луѓето дека нивното возење може да биде доста корисно и забавно.

– BMW i3 беше брилијантен, но немаше привлечност. Не можевме да се справиме со пораката до луѓето, но може да радува фактот што сепак имаме предност во однос на нашите конкуренти. Сите други се потпираат на електрификацијата, која ќе започне по 2020 година, а ние веќе продадовме 100.000 електрични возила во периодот 2013-2016 година, а очекуваме да испорачаме уште 100.000 до крајот на оваа година, објасни врвниот менаџер.

Главната улога во стратегијата за електрификација на BMW, наречена iNext, ја реализира програмата ACES. Се потпира на четири главни работи – автоматизација, поврзување, електрификација и споделување, но за да се развијат, Германците имаат потреба од надворешна помош. И за тоа, компанијата веќе бараат помош од компании зависока технологија.

– Пред 2 години ставовите на технолошките компании кон традиционалните производители на автомобили беа многу арогантни. Се чинеше дека сакаат да ни кажат: „Веќе сте мртви, едноставно не го знаете тоа“. Сепак, ова се промени откако овој тип на компании сфатија дека изградбата на автомобил не е толку едноставна како паметен телефон. Тие се уште изгледаат арогантни, но таа постепено исчезнува, вели Шварцбауер.

Според него, работењето со такви компании ќе му помогне на BMW да открие како еден производител на автомобили може да стигне до компанија која ќе нуди плус врвни мобилни услуги. Ова нема да биде лесно, бидејки компаниите кои сега дизајнираат автомобили за BMW ќе имаат конечни производи за на пат, по 7 години. Дотогаш Баварците велат да се стрпиме?!

Поврзани вести

Back to top button