fbpx

BMW ги затвора сите свои фабрики во Европа

Шефот на BMW, Оливер Ципсе, соопшти дека компанијата ќе го запре производството на автомобили во сите фабрики ширум Европа

Претседателот на бордот на менаџери во баварскиот гигант, Оливер Ципсе најави дека BMW како компанија е одговорна кон своите работници, како и дека поради коронавирусот ќе ги затворат сите погони на Стариот континент, но и производството во Јужноафриканската Република. Фабриките на BMW ќе останат затворени најмалку до 19 април.

„Мораме да бидеме одговорни во две насоки, најпрво да го заштитиме здравјето на нашите работници, и второ, да оствариме најдобар можен баланс кога станува збор за профитабилноста“, изјави Оливер Ципсе.

Тој додаде дека овој прекин на производство на автомобили ќе има мошне негативни последици не само по BMW, туку и врз целата автомобилска индустрија. Ципсе наведе дека германската компанија очекува значително помал профит отколку во 2019 година, како и дека производството ќе биде на многу пониско ниво.

„Кога станува збор за профитот, го очекуваме најлошиот резултат во претходните неколку години“, соопшти шефот на BMW.

Поврзани вести

Back to top button