fbpx

BMW го објави првиот тизер за M5 CS

Германски BMW за прв пат официјално го најави новиот M5 CS кој треба да биде новиот „знаменосец“ во опсегот на Серија 5

BMW M5 Competition е исклучително моќен автомобил кој има моќност од 607 КС и 750 Nm максимален вртежен момент, благодарение на својот битурбо 4,4-литарски V8 мотор. Но, во BMW сметаат дека се уште има простор за напредок, па така компанијата денеска го најави пристигнувањето на уште помоќниот M5 CS кој ќе биде новиот „знаменосец“ во опсегот на Серија 5.

Исто како и M2, M3 и M4 CS моделите пред него, така и BMW M5 CS ветува поголема моќност и помала тежина. Во краткото тизер видео кое е објавено на официјалните Facebook и Instagram профили на брендот, компанијата откри дека автомобилот ќе има моќност на 635 КС и ќе тежи 70 килограми помалку во однос на актуелниот M5 Competition. Актуелниот систем за погон на сите четири тркала и дрифт режимот на задните тркала би требало да бидат наследени кај M5 CS, исто како и осумстепениот автоматски менувач.

Во краткото клипче имаме и прв преглед на екстериерот на новиот M5 CS, нагласувајќи ги деталите како бронзените акценти околу популарните „бубрези“, кои се во согласност со алуминиумските тркала зад кои се крие црвена карбонско-керамичка шапа од соибрачките, како и жолтите фарови во стилот на тркачките автомобили. Каросеријата на M5 CS се чини дека е во црн сатенски финиш, што е одличен контраст во однос на златните акценти. Се уште нема никакви назнаки за тоа како ќе изгледа ентериерот, но треба да се очекуваат еден куп CS обележја и некои поспортски седишта.

Автомобилот се очекува да дебитира некој период во 2021 година пред да се појави на продажба подоцна истата година.

Поврзани вести

Back to top button