fbpx

BMW го претстави BMW M340d xDrive, прeзентацијата закажана за Женева

Баварската компанија со новиот додаток за популарната Серија 3 покажуваат дека дизел моторите се уште имаат што да кажат на пазарот

За М340d се пишува веќе подолго време, а сега автомобилот конечно ја доживеа својата премиера во пресрет на официјалната презентација на Саемот за автомобили во Женева. Наменет за љубителите на дизел агрегатите кои сакаат економичност, но и нешто поубедливи перформанси, моделот ќе пристигне во две изданија – седан и караван.

Двете верзии го користат истиот агрегат. Станува збор за турбо 3,0-литарски шестцилиндричен мотор кој располага со 340 КС и 700 Nm. Покрај тоа, поставен е и благ хибриден систем, односно систем генератор-алтернатор од 48 V. Тоа овозможува на оваа Серија 3 на моменти да добие зголемување на моќта за 11 КС.

M340d

Интересно е дека максималниот вртежен момент кај овој агрегат е достапен веќе на 1.750 вртежи во минута, додека максималната сила тука е на 4.400 вртежи во минута. Потентниот дизел мотор својата сила на двете осовини ја пренесува преку проверената ZF осумстепена автоматска трансмисија. Тоа значи дека лимузинското издание до 100 километри на час ќе стигнува за 4,6 секунди, додека на караванот за истиот спринт му се неопходни 4,8 секунди.

Секако, дизел агрегатот плус технологијата на благ хибрид би требало да дадат одлични резултати на полето на потрошувачката. Така, овој спортски модел, како седан троши некаде помеѓу 5,3 и 5,7 литри дизел на прејдени 100 километри, во комбиниран циклус на возење. Караванот троши за нијанса повеќе за истата оддалеченост во истиот циклус, односно меѓу 5,3 и 5,8 литри.

Кога станува збор за штетните гасови, BMW наведува дека тие во споменатиот комбиниран систем на возење изнесува помеѓу 139 и 149 g/km кај седанот, додека караванот емитува од 143 до 153 g/km. Германскиот производител истакнува дека M340d ги почитува строгите Euro6d норми кои се уште не ни стапиле на сила.

Јавноста ќе има прилика M340d за прв пат да го види во живо на престојниот Саем за автомобили во Женева.

Поврзани вести

Back to top button