fbpx

BMW го претстави концептот Neue Klasse X

Со ново име, дизајнерската филозофија и платформа, BMW Vision Neue Klasse X ќе го замени iX3 следната година

BMW е во фаза на реосмислување и поставување на темелите за иднината. Доказ за тоа е и целосно електричниот Vision Neue Klasse X го прикажува првиот SUV што ќе го носи називот Neue Klasse. Првата серија од овие автомобили со големина на iX3 ќе започне да се произведува во 2025 година, придружувајќи се на сериската верзија на седанот Vision Neue Klasse најавен минатата година.

Како и со оригиналниот Vision Neue Klasse, дизајнот на Neue Klasse X ни дава прилично добар увид за тоа што можеме да очекуваме од серискиот автомобил. X е второто од шесте електрични возила што ќе се вози на платформата Neue Klasse, а сите треба да бидат лансирани помеѓу 2025 и 2027 година.

Кога станува збор за стајлингот, самата компанија го опишува дизајнерскиот јазик како „намалување“, a за тоа сведочи и новиот стилски изглед на предниот дел на возилото, каде за разлика од актуелниот тренд, BMW ќе има далеку помала решетка која претставува симбол на баварската марка. Тенката решетка потсетува на класичните BMW модели и на оригиналниот седан Neue Klasse од 60-тите. Тие се длабоко извајани, а светлата го следат трендот поставен од седанот Neue Klasse – отфрлајќи го кругот и наместо тоа добиваат вертикални LED диоди.

Кога стсанува збор за ЕВ платформата, од BMW истакнуваат дека истата им нуди можност на нивните дизајнери да ги прифатат „класичните пропорции на BMW“. Обликот е исто така 20 проценти поаеродинамичен од актуелните модели X, додека новите дизајни на пневматиците и сопирачките се придонесуваат за зголемување на ефикасноста за 25 проценти. Задниот дел има карактеристични задни светла, следејќи го седанот Neue Klasse кој вклучува 3D-печатени единици распоредени на неколку нивоа во дизајн кој покажува длабочина.

Десет пати поголема компјутерска моќ

Со оглед на тоа дека станува збор за концепт, нема официјални информации за тоа каков вид на погон или досег ќе може да постигне Neue Klasse X. Сепак, потврдено е дека ја користи технологијата eDrive од шестата генерација на BMW, која ветува 30 проценти подобрување во опсегот и слични придобивки во брзината на полнење. Заедно со кружните батериски ќелии кои се повеќе густи за енергија, ќе се вози на архитектура од 800 волти за способност за брзо полнење.

Наместо да ја истакнува основата на технологијата, X фрла светлина врз тоа како ќе се контролира новата гама на електрични возила на BMW, со новата шасија и погонските единици за кои се вели дека нудат супериорно возачко искуство прилагодено на индивидуалните потреби на корисниците. BMW разви четири нови контролни единици кои компанијата ги нарекува „супер мозоци“ затоа што имаат до десет пати поголема компјутерска моќ. Вклучени се посебни „мозоци“ за погонската група и автономното возење.

Neue Klasse X уште еднаш го потврдува отстранувањето на контролорот iDrive. Наместо тоа, копчињата поставени на воланот комуницираат со BMW Panoramic Vision и централниот дисплеј. Воланот, наречен HyPersonX управувач, има контрола посветена на прилагодување како ќе „звучи“ Neue Klasse X (т.е. какви вештачки звуци се пуштаат во кабината), што може да се прилагоди во движење.

BMW Vision Neue Classe X Concept

Внатрешноста на Vision Neue Klasse вклучува нов растителен материјал кој е одржливо развиен и не содржи петролеум. Исто така, може да се најде и рециклирана морска пластика, при што фрлените рибарски мрежи сочинуваат 30 проценти од внатрешната пластика.

Во меѓувреме, Panoramic Vision ја носи традиционалната инфозабава чекор понатаму. Проектира информации на висина што совршено одговара на возачот низ целата ширина на шофершајбната. Во ситуации на возење, BMW 3D Head-Up Display прикажува информации како што се асистираното возење или сообраќајното насочување.

На продажба во 2025 година

Сериската верзија на Neue Klasse X, која многу веројатно ќе стане втората генерација iX3, ќе излезе од фабриката на BMW во Дебрецен во Унгарија следната година.

Во меѓувреме, извештаите покажуваат дека BMW ќе го задржи X3 со погон на внатрешно согорување уште една генерација како посебен модел од iX3/Neue Klasse X. За разлика од сегашната постава на X3 и iX3, новите генерации ќе бидат подобро диференцирани благодарение на платформата Neue Klasse што ја презема основата на новиот ЕВ, правејќи ги двата модели поразлични еден од друг.

Поврзани вести

Back to top button