НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

BMW го прошири опсегот на Серија 8 со новиот Gran Coupe

Како комбинација на добар изглед, привлечен дизајн и моќност од 523 коњски сили, баварцијте ја претставија новата Серија 8 Gran Coupe

Со значително попривлечен изглед од Серија 6 Gran Coupe, новата Серија 8 Gran Coupe доаѓа со препознатливата предна решетка, позајмена од стандардниот модел, придружена од адаптивните LED предни светлосни уреди.

И покрај познатиот дизајн, ветробранското стакло кај новиот Gran Coupe е со помали димензии од стандардната верзија, додека пак покривот е малку повисок. Моделот, исто така има две задни врати и изразена рамена линија. Панорамскиот покрив ќе стане стандарден кај овој модел, а M850i xDrive Gran Coupe на крај ќе биде понуден и со опционален покрив од карбонски влакна.

Gran Coupe

Во однос на димензиите, споредено со Coupe, Gran Coupe е подолг за 228,6 мм, поширок за 30,5 мм и повисок за 55,9 мм. Меѓуоскиното растојание е исто така зголемено за 200,7 мм, со цел да обезбеди поголема практичност во пределот на задните седишта.

Кабината на новата Серија 8 Gran Coupe во голема мера се пренесува, така што возачите ќе го најдат 12,3-инчниот дигитален инструмент панел, како и 10,25-инчниот инфозабавен систем. Други интересни карактеристики се предните спортски седишта со можност за греење, амбиенталното осветлување, head-up дисплејот, безжичниот полнач за паметен телефон и аудио систем од Harman-Kardon со 16 звучници.

Gran Coupe

На листата на опцискиот асортиман, достапен е и Driving Assistance Professional пакетот, кој ги вклучува активниот темпомат, активната детекција на слепа точка, предупредувањето за напуштање на лента, камерата за опкружувачки преглед, помошникот за паркирање и информации за ограничување на брзината.

На лансирањето, новата Серија 8 Gran Coupe ќе биде понудена со неколку различни погонски единици, како 3,0 литарскиот TwinPower Turbo шест-цилиндарски мотор, со моќност од 335 коњски сили и вртежен момент од 500 Nm, поврзан со осум-степен автоматски менувач и опционалниот погон на сите тркала. За дизел фановите, тука е 840d xDrive Gran Coupe кој има 3,0 литарски шест-цилиндарски мотор, кој произведува 316 коњски сили и вртежен момент од 680 Nm. Тој е поврзан исклучиво со осум-степен автоматски менувач и стандарден погон на сите тркала. Достапна ќе е и M850i xDrive верзијата, погонувана од 4,4 литарскиот TwinPower Turbo V8 мотор, кој развива 523 коњски сили и вртежен момент од 750 Nm, со што до 100 км/час го забрзуваат за 3,9 секунди.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close