BMW и Daimler со зајакнато партнерство во автономната технологија

BMW и Daimler во тесна соработка за лансирање на новата генерација на автономната технологија во патничките автомобили до 2024 година

Двете компанија уште во фебруари го објавија своето партнерство за развој на автономни возила од следната генерација. Сега, тие најавија договор за долгорочна соработка на оваа тема.

Официјалното соопштение на двете компании гласи: „ ќе се фокусира на заеднички развој на технологии од следната генерација за системи за помош на возачот, автоматско возење на автопати и автоматизирано паркирање (сите до SAE ниво 4). Покрај тоа, се планираат понатамошни разговори за проширување на соработката на повисоки нивоа на автоматизација во урбаните средини и градските центри.“

1 | BMW и Daimler
2 | BMW и Daimler

    BMW и Daimler се стремат кон брзо лансирање на пазарот на технологијата од следната генерација, велејќи дека се очекува во патничките автомобили да се имплементираат системи за приватни клиенти од 2024 година. Оваа технологија, како што може да се очекува, ќе се спроведува во моделите и на двата производители.

    Пред да го објават своето автоматизирано партнерство претходно оваа година, BMW и Daimler, исто така, објавија партнерство за електрична мобилност од една милијарда долари. Напорот е фокусиран во насока на полнењето, споделувањето на возилата и друго.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Back to top button
    Close