fbpx

BMW и Kith ја покажаа првата ограничена M4 Competition едиција

BMW ја претстави првата ограничена едицција на новиот M4 Competition само неколку недели откако моделот официјално дебитираше

Новиот BMW M4 Competition by Kith ќе биде ограничен на само 150 примероци на глобално ниво. Моделот кој BMW го направи во соработка со „лајфстајл“ брендот Kith ќе се одликува со уникатни екстериерни и ентериерни детали.

BMW M4 Competition by Kith оддава почит на оригиналниот M3, со црвениот примерок финиширан во истата Cinnabar Red нијанса која оригинално се користеше за E30 M3 и веќе не е достапна во опсегот на BMW.

Меѓу останатите детали кои го карактеризираат ова ограничено издание на M4 Competition е и црното Kith лого интегрирано заедно со класичните M ленти и преправениот BMW беџ. Купувачите исто така ќе можат да бираат меѓу Frozen Black, Frozen Dark Silver и Frozen Brilliant White мат финиши на каросеријата. BMW исто така како опција ќе понуди и карбонски покривен панел со сив Kith натпис и M ленти.

Ентериерот на новиот M4 Competition by Kith се карактеризира со трибојни M Carbon седишта, кои додаваат светло сина и црвена боја на црниот Merino кожен тапацир, со што се добива импресивен резултат. Натписот Kith исто така се наоѓа на предниот и задниот дел од потпирачите за глава на седиштата, а на централната конзола се наоѓа ексклузивен беџ.

Кога станува збор за погонот, тука нема никакви промени. Автомобилот се напојува со битурбо 3,0-литарски шестцилиндричен мотор кој испорачува 510 КС и 650 Nm вртежен момент. BMW ќе понуди и M xDrive систем за погон на сите четири тркала како опција, исто како и кај регуларниот M4.

Поврзани вести

Back to top button