ЗАБАВАИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

BMW i8 Roadster во E.N. Army издание

И покрај одличниот футуристички изглед, BMW i8 добива многу интересни надворешни модификации

Баварскиот хибрид i8 претставува еден од моделите со најфутуристички дизајн во гамата на BMW. Како трет член во „i“ семејството на брендот, BMW i8 Roadster го користи истиот хибриден агрегат како и i8 Coupe, кој е изведен во комбинација со 1,5 литарска три-цилиндерска турбо единица и електричен мотор.

И покрај одличниот фабрички дизајн, дечките од Eve.Ryn решиле да го прилагодат овој i8 по свој вкус, преку бројни надворешни модификации. Да почнеме од предната страна. Специјално за овој проект, компанијата дизајнирала браник со атрактивни воздушни отвори изработени од јаглеродни влакна, кои значително допринесуваат кон поагресивниот поглед на овој автомобил. Промените се забележителни и кај моторниот капак, каде присутни се мат-црните елементи и натписот на изданието на овој i8.

 

i8

Робусниот изглед на предницата е одлично надополнет со страничните додатоци, како проширени лакови на тркалата, прагови со специфичен дизајн, а секако тука е и новиот сет фелни во златна изведба. Текот на модификациите е задржан и во задниот дел на хибридниот кабрио, каде се наоѓа масивниот спојлер и специјално изработениот дифузер, секако од јаглеродни влакна.

Што се однесува до бојата, шемата на овој i8 главно се состои од светло зелена боја, со повеќе елементи насликани во потемна нијанса. Едни од поинтересните детали се изменетите BMW знакчиња, кои во предниот и задниот дел се модифицирани за да ги вклучат зелените акценти, наместо фабричките сини.

Сепак, и покрај сите измени, компанијата решила да не го допре хибридниот погон, што значи дека моќноста од 369 КС останува непроменета.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close