fbpx

BMW со интелигентен персонален асистент

BMW Group објави дека од март следната година, новите сопственици ќе можат да се потпрат на дополнителна помош, благодарение на интеграцијата на системот BMW Intelligent Personal Assistant.

Овој систем претставува интелигентен борд асистент, кој се активира со извикување на фразата Hey BMW. Од компанијата коментираат дека интелигентниот персонален асистент ќе соработува и надвор  од автомобилот преку мобилна апликација.

Виртуелниот персонален асистент ќе има функционалност за самостојно учење во однос на секојдневните навики на возачот.  Како параметри за климатизација и вентилација, систем за навигација и слично.

Асистентот ќе ги исполнува потребите на возачот или патниците со едноставни команди. „Hey BMW, I’m cold“ ќе ја зголеми температурата на грејниот систем,  „Hey BMW, Take me home“ ќе ве одведе до крајната дестинација. Исто така ќе биде способен да одговара на техничките прашања во врска со работата на возилото. Останати функции се за избор на музик, да наоѓа најблиската бензинска пумпа, места за паркирање.

При појавата на пазарот во март 2019 година, персоналниот борд асистент  ќе ги поддржува говорните команди на 23 јазици и ќе биде достапен за нарачка кај автомобилите на BMW, опремени со  Operating System 7.0. Првиот автомобил кој ќе може да биде опремен со иновативниот систем на баварската марка, ќе биде новата трета серија на Z4.

Поврзани вести

Back to top button