НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

BMW инвестира 4 милијарди во батерии

BMW планира да купи батерии во вредност од 4 милијарди евра од кинеската Contemporary Amperex Technology (CATL), потврди шефот за снабдување на германскиот гигант, Маркус Дусман

Досега BMW користеше батерии за Samsung SDI за своите модели. Во иднина Баварците ќе соработуваат со Contemporary Amperex Technology (CATL), а BMW ќе ги подели нарачките од две фабрики. Имено, еден дел од оваа количина, ќе бидат произведен од страна на Кинезите во нивните погони на локално ниво, а другиот од идната фабрика на германско земјиште, во близина на Ерфурт.

За оваа цел веќе е постигнат договор за градење меѓу баварците и Кинезите, кој лично го потпиша кинескиот премиер Ли Куцијан, за време на неговата посета на Берлин.

Експертите одамна предупредија дека со очекуваниот бум за електрични возила во Европа, производителите на автомобили едноставно не ќе можат да се справат со набавка на батерии. BMW затоа реши да ја субвенционира изградбата на фабриката CATL во Ерфурт, но Дусман не откри со колкав удел. Не е тајна дека Баварците инвестираа неколку стотици милиони во создавање на свој центар за развој на батериите, но сепак, засега, компанијата одлучи дека е се уште рано да започне со производство на сопствени батерии, па се одлучи за ваков потег.

1 | BMW
2 | BMW

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Close