fbpx

BMW ја претстави автономната Серија 7

Компанијата ја покажа прототипната изведба на луксузниот седан, кој доаѓа со автономна технологија од Ниво 4

Прототипниот модел сеуште не е со автономност од Ниво 5, но сепак во повеќето возни ситуации, автомобилот е способен самостојно да управува, без притоа да треба возачот да го следи она што се случува или да биде подготвен да ја преземе контролата врз автомобилот.

Како резултат на тоа, сопствениците ќе можат да го повикаат возилото преку апликација на паметните телефони, при што тоа автоматски ќе се донесе до нивната локација. Откако автомобилот ќе пристигне, возачите ќе можат да пристапат до него преку проверка на автентичноста на паметниот телефон.

BMW

Бидејќи никој не треба да стои зад воланот, возачите можат да се релаксираат во луксузните задни седишта и да започнат патување преку таблета монтирана на централната конзола. Автомобилот ќе се погрижи сите да ги прицврстат своите ремени, а потоа да стигнат до својата дестинација.

Додека автомобилот е само прототип во овој момент, BMW го потврди своето работење на понапредните полуавтономни функции за возење од Ниво 2, кои вклучуваат способност за интерпретирање на семафорите. Kомпанијата исто така разви адаптивен cruise control систем со функција за препознавање на семафорите. Изграден како еволуција на нивниот моментален адаптивен cruise control систем со Stop & Go, новиот систем користи моќни радарски сензори и сензори од камерите, кои вршат постојан надзор на околината. Ова му овозможува на системот автоматски да го запре автомобилот на црвени светла и да ги открие жолтите и да го забави возилото пред да застане.

Поврзани вести

Back to top button