fbpx

BMW ја претстави специјалната X7 Dark Shadow Edition серија

Производството на ограничената серија на најголемиот SUV на BMW кој е настанат на основа на моделот X7 M50i започнува следниот месец

BMW X7 во комбинација со пакет на опременост Dark Shadow Edition со себе носи богато опремен SUV со седум седишта кој баварската автомобилска компанија за неколку дена ќе почне да го произведува во својата фабрика во САД, а планираното производство за глобалниот пазар изнесува само 600 примероци.

BMW X7 Dark Shadow

Сите детали, кои на каросеријата обично се изведуваат од материјал кој асоцира на хром, сега се заменети со црн материјал со висок сјај. Со каросерија во специјална мат темно сива боја, BMW ќе го понуди својот X7 Dark Shadow Edition на купувачите во комбинација со две или три седишта во вториот ред.

Без оглед на бројот на седишта, големиот SUV на BMW со погон на сите четири тркала (xDrive) поставен на 22-инчни алуминиумски фелни од асортиманот на M одделот, се напојува со 4,4-литарски битурбо V8 мотор кој испорачува 530 КС и 750 Nm максимален вртежен момент (верзијата M50i), што е доволно за спринтот од нула до „стотка“ да го достигне за 4,5 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час. Инаку, значителен дел од „тиражот“ на возилото ќе биде составен во верзиите M50d со 400 КС.

BMW X7 Dark Shadow

Темните бои доминираат и во пространата кабина каде се наоѓаат голем број детали во црна и сива нијанса. На долгиот список на стандардна опрема се наоѓаат сопирачки, диференцијал, издувен систем (кој нуди спортски звук на издувот) и адаптивен систем на потпирање од M одделот. Најспектакуларните примероци ќе добијат и ласер-фосфорни фарови, аудио систем од Bowers & Wilkins, head-up екран, стаклен панорамски покрив, дополнителни екрани од инфозабавниот систем наменети за патниците на задните седишта и уште многу други работи. Цената за M50i верзијата ќе изнесува 141.370 евра, додека за M50d ќе треба да се издвојат 143.290 евра.

Поврзани вести

Back to top button