BMW ќе го претстави Vision M NEXT за неколку дена

Со Vision M NEXT, компанијата ќе ја демонстрира визијата на BMW за следната ера во М девизијата

BMW објави дека само за неколку дена ќе бидеме сведоци на премиерата на Vision M NEXT. Овој модел ќе ја демонстрира визијата на брендот за следната ера во М девизијата на BMW.

Без многу детали, BMW сподели само неколку фотографии од дизајнот Vision M NEXT, потпишани од Томас Деменс. Тој доби брз пристап до новиот развој, а потоа користејќи хартија и картон, ги репродуцираше некои од неговите детали.

Од баварската компанија исто така коментираат, дека како што BMW Vision iNEXT ја демонстрираше идејата на брендот за тоа како автономното управување ќе го промени нашето секојдневие, така BMW Vision M NEXT што ќе биде претставен овој месец во Минхен, ќе ни ја претстави визијата за тоа како технологиите можат да се искористат за подобрување на искуството на патот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close