BMW ќе лансира целосно електрична Серија 1

Планот на BMW да го преплави пазарот со електрични автомобили вклучува лансирање на електрична Серија 1 која ќе се продава како i1

Целосниот електричниот i1 би можел да пристигне на пазарот уште во 2021 година, според Auto Express кој разговарал со шефот на BMW i, Роберт Ирлингер.

„Дури и во предната погонска архитектура ќе видите целосно електрифицирани автомобили“, рече Ирлингер. „Ќе видите електрификација во целото портфолио. Можеме да ги преработиме нашите погони на предните тркала, како и платформите за погон на задните тркала, така што двете се во можност да ги прифатат сите технологии, при што нашите клиенти ќе имаат можност за избор“, додаде тој.

Стратегијата за електрификација на BMW е да ги одржува своите батериски електрични возила визуелно слични на нивните колеги со конвенционалните погонски системи. Престојниот модел на германскиот производител i4 ќе биде електричен роднина на Серија 4, додека iX3 го задржува истиот каросериски облик како регуларниот X3, така што за i1 се очекува да има навистина блисок изглед до редовната Серија 1.

i3

„i4 е спортски седан со четири врати, целосно електрифициран, јасно видлив како iCar. Можете да го видите концептот на Серија 4 како купе со две врати, а i4 ќе биде купе со четири врати, ќе се заснова на концептот, но тој ќе биде целосно електричен“, објасни Ирлингер.

Електричниот хечбек исто така може да понуди и опција со два електрични мотори, што во суштина ќе го прави со погон на сите четири тркала. Што се однесува до тековниот i3, Ирлингер рече дека не треба да очекуваме директна замена за моделот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close