BMW лансираше X5 M и X6 M Competition First Edition

BMW ги претстави First Edition варијантите на X5 M Competition и X6 M Competition со тоа што производството на двете верзии е ограничено на 250 единици

Иако праксата е производителите да лансираат First Edition варијанти во моментите кога лансираат нов модел на пазарот, но актуелните X5 M Competition и X6 M Competition беа лансирани пред околу 12 месеци. На страна оваа невообичаена пракса, BMW направи некои суптилни промени за да ги разликува First Edition моделите во споредба со послабите варијанти.

За почеток, тандемот се нуди во BMW Individual Frozen Dark Silver боја и BMW Individual Frozen Marina Bay Blue боја, два мат финиши кои перфектно го нагласуваат мускулестиот финиш на двата SUV модели. Тука се и M лесните тркала од алуминиумска легура финиширани во Jet Black со големина од 21 напред, односно 22 инчи на задната страна.

BMW исто така ги „облече“ X5 M Competition и X6 M Competition First Edition моделите со голем број карбонски делови, вклучително и куќиштата за ретровизорите и задниот спојлер. Тука е и M карбонскиот капак за моторот кој доаѓа како стандарден.

Кога станува збор за внатрешноста, First Edition моделите вклучуваат BMW Individual Merino целосно кожен трим во ексклузивна двобојна конфигурација од Silverstone и Midnight Blue. Тука се и инсертите од црна Алкантара на седиштата, како и контрастниte Sakhir Orange шевови низ седиштата и панелите на вратите. BMW Individual прекривката за покривот во Алкантара и финиширана во Midnight Blue дава свој удел во уникатниот изглед на овие ограничени модели. На крајот, тука се големиот број акценти во карбон и First Eidition 1/250 натпис.

Никакви механички модификации не се направени, а BMW нема соопштено детали за цените, ниту пак на кои пазари ќе бидат пласирани X5 M Competition и X6 M Competition First Edition.

Поврзани вести

Back to top button