fbpx

BMW M145i ќе биде plug-in хибрид со речиси 400 „коњи“

Најмоќната и најбрза верзија на BMW 1 треба да биде лансирана во 2020 година, како M145i

Автомобилот ќе ја користи новата платформа за компактните модели на Баварците, но во него нема да биде поставен еден од фантастичните 6-цилиндерски мотори карактеристични за М-изданијата. Наместо тоа, BMW M145i ќе добие 2.0-литарски турбо мотор со 306 коњски сили за да биде на ниво на верзијата на Audi TTS.

Освен тоа, уште 20 дополнителни коњски сили ќе доаѓаат од системот за вбризгување на гориво, кој ќе ги обезбеди составот преземен од новиот M4 GTS. И тука треба да додадеме уште еден плус на новата платформа – FAAR, која исто така обезбедува простор за батерии. Значи следи хибриден состав за M145i, кој исто така вклучува и електричен мотор со моќност од 82 коњски сили, што значи вкупно 388 коњи.

BMW

 

 

Со овој автомобил, BMW ќе му конкурира на Audi RS3, а исто така ќе може да се спротивстави на успешната офанзива најавена од Mercedes, со моделот A45 S која се очекува следната година.

Претставникот од Штутгарт, исто така, ќе има електричен мотор, но тоа нема да биде хибрид. Може да звучи храбро, но не заборавајте дека беше најавено од Баварците дека до 2030 година сите модели на BMW ќе имаат барем една хибридна верзија.

Поврзани вести

Back to top button