fbpx

BMW подготвува конкурент за Audi RS3 и Mercedes-AMG CLA 45

BMW развива семеен лифтбек врз моделот од Серија 2, кој ќе добие и набилдана М-верзија

Ова е одговор на баварците за Audi RS3 и Mercedes-AMG CLA 45 седаните.

Модификацијата BMW M2 Gran Coupe ќе излезе на пазарот во 2019 година. Моделот ќе има надолжно поставен мотор и погон на задните тркала. Тој ќе добие мотор од М2 – со шест цилиндри турбо, со 370 КС и 465 Nm. Моторот ќе се комбинира со 6-брзински мануелен менувач или 7-степен роботизиран со две спојки.

BMWПалетата мотори на останатите верзии на BMW 2 Gran Coupe ќе се состои од агрегати со три и четири цилиндри, со зафатнина од 1,2 и 2,0 лити. Ќе има и хибридна верзија – 225e Gran Coupe, која ќе добие 1.5-литарски бензински мотор и електромотор, поставен во блокот на преносот.

Само на електрична енергија оваа модификација ќе може да мине до 50 km. Претходно беше соопштено дека лифтбекoт од Серија 2 ќе биде изграден на платформата со преден погон UKL која е во основата на моделите на MINI, на компактниот ван Active Tourer, како и на кросоверите X1 и X2.

Поврзани вести

Back to top button